Тригер е авторски софтверски бренд основан во 1991 година во Скопје, со повеќедецениско искуство во развој и имплементација на софтверски решенија за угостителство, малопродажба и деловно работење.
Нашата мисија е да им овозможиме на компаниите едноставно, брзо и ефикасно управување со секојдневните процеси преку стабилни и практични софтверски решенија. Континуирано го усовршуваме нашиот систем според реалните потреби на клиентите и современите деловни стандарди.
Денес, стотина задоволни корисници го користат Тригер како сигурна поддршка во своето работење, што претставува најдобра потврда за квалитетот, доверливоста и функционалноста на нашиот софтвер.
Тригер нуди решенија за:
- Ресторанско и угостителско работење
- Ресторанска каса
- Финансово сметководство
- Материјално и магацинско работење и евиденција
- Големопродажба
- Малопродажба
- Производство
- Основни средства (амортизација и ревалоризација по средства)
- Готовинска благајна
- Подготовка на фактури
- Вирмански налози и подготовка на податоци за трезор
Покрај стандардните решенија, Тригер нуди и изработка на софтвер и апликации по мерка, согласно потребите и барањата на клиентите.
Доколку ви е потребно сигурно, практично и современо решение за вашиот бизнис — Тригер е вашиот доверлив партнер.