За Нас

Тригер е авторски софтверски бренд основан во 1991 година во Скопје, со повеќедецениско искуство во развој и имплементација на софтверски решенија за угостителство, малопродажба и деловно работење.

Нашата мисија е да им овозможиме на компаниите едноставно, брзо и ефикасно управување со секојдневните процеси преку стабилни и практични софтверски решенија. Континуирано го усовршуваме нашиот систем според реалните потреби на клиентите и современите деловни стандарди.

Денес, стотина задоволни корисници го користат Тригер како сигурна поддршка во своето работење, што претставува најдобра потврда за квалитетот, доверливоста и функционалноста на нашиот софтвер.

Тригер нуди решенија за:

  • Ресторанско и угостителско работење
  • Ресторанска каса
  • Финансово сметководство
  • Материјално и магацинско работење и евиденција
  • Големопродажба
  • Малопродажба
  • Производство
  • Основни средства (амортизација и ревалоризација по средства)
  • Готовинска благајна
  • Подготовка на фактури
  • Вирмански налози и подготовка на податоци за трезор

Покрај стандардните решенија, Тригер нуди и изработка на софтвер и апликации по мерка, согласно потребите и барањата на клиентите.

Доколку ви е потребно сигурно, практично и современо решение за вашиот бизнис — Тригер е вашиот доверлив партнер.