T-Desk 2.2 доби нови опции и модули. Новитетите вклучуваат:
- Проширен лагер (можност за преглед на набавна и продажна вредност на артиклите во залиха).
- Посебна графа за преглед на сторнирани сметки во текот на денот, плус информации за корисникот кој ја сторнирал сметката.
- Материјалната картица сега вклучува и вредносно салдо покрај материјалното салдо односно, имате можност да видите колку сте потрошиле/заработиле за одреден артикл од последниот попис до моментот на проверка.
- Препис на фактурни сметки(испратници). Можност за препечатување на одредени сметки кои треба да се фактурираат.
- Работа по пунктови со повеќе принтери.
- Проверка на промет по работник, поделен на фискален промет и промет по фактури. Вклучува и можност за проверка на историја на промет по работник.




